Кумановка загина, откако во неа удри возило на патот кон Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и деветгодишна жена загина, откако на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во неа удрил сограѓанин со „цитроен берлинго“.

Loading...

Жената починала вчеравечер во болница.

– На 06.01.2021 во 17,20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на место викано„Ливади“, патничко моторно возило„цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(66) од Куманово, удрило во Б.М.(79) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во 23,30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply