Кумановка тешко повредена, откако во неа удрил сограѓанин со Голф

Сподели со своите пријатели

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патничко возило во центарот на Куманово.

Loading...

– На 11.02.2021 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Сава Ковачевиќ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(44) од Куманово, удрило во пешакот С.М.(55) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, во незгодата, С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

М.Ф.

Leave a Reply