Кумановка тешко повредена откако во неа удрил сограѓанин со „Ауди“

Сподели со своите пријатели

Жена пешак од Куманово вчера се здобила со тешки повреди, откако во неа удрил сограѓанин со „Ауди“.

Loading...

– На 05.03.2020 околу 18.25 часот на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.С.Ц.(44) од Куманово, удрило во пешак В.Н.(67) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијат,а В.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply