Кумановка тешко повредена откако со возилото излетала од патот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди откако со своето возило излетала од коловозот.

Loading...

– На 10.01.2022 во 07.30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Пчиња на место викано „Менкова колиба“, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(24) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата К.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски