Дваесет и шестгодишна кумановка е тешко повредена откако со голф излетала од коловозото.
Loading...
– На 04.06.2021 околу 08.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат за селото Табановце, кумановско, Е.Ј.(26) од село Табановце, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата Е.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски