Кумановка со пиштол си го одзела животот

Сподели со своите пријатели

Вчера во 17,10 часот во Полициска станица – Куманово, од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во куќа на улица „Романија“ е пронајдено женско лице со устрелна рана во пределот на градите, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По извршениот увид било констатирано дека во временскиот период од 08,30 до 17,00 часот, Т.Ш. (46) додека била сама во куќата, со пиштол испукала еден куршум во пределот на градите. Истата била пронајдена од страна на нејзиниот сопруг.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.