Кумановка сакала паричен надомест од државата, па измамена за 810 евра

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишна кумановка била измамена за сума од 810 евра, во надеж дека ќе добие паричен надомест од државата преку лице од Скопје.

Loading...

– На 04.05.2021 година во 14. 00 часот во СВР Куманово, 48-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 810 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, на крајот на април 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно.

– Според пријавата, откако се договориле, во два наврати ги предала парите на лице од Скопје, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена, велат од кумановската полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply