Кумановка под псевдонимот Малечка досега има издадено четири книги

Сподели со своите пријатели

„Посилна од судбината“, „Танц од воздишки“, „Трепетот на душата“ и „Гласот“ се четири книги на кои потпис става Малечка. Но, која е Малечка и што се крие зад нејзината творечка активност, одлучи за Кумановски Муабети да открие самата авторка, која патем потекнува од Куманово.

Loading...

Станува збор за Наташа Алексовска, родена е и живее во Куманово, каде завршила средно училиште. Од мали нозе пишува раскизи и песнички, а години потоа ја издава и својата прва книга. Во 2014 година во печат излегува книгата „Посилна од судбината“ која содржи околу 100 песни кои Алексовска ги напишала за неполни два месеци.

Меѓутоа одлучила да не се потпише со своето име и презиме, туку со псеводним.

– Сакам да останам препознатлива по нешто,одлучив тоа да бидат мојот начин на пишување и псевдоним, вели авторката.

Две години подоцна, во 2016 од печат изглегува втората книга на кумановската авторка. Овој пат збирка кратки раскази насловени „Трепетот на душата“.

2018 година е доста плодна за Алексовска. Од печат излегуваат нејзини две книги. Првин љубовниот роман „Танц од воздишки“, а потоа и книгата „Гласот“ која е комбинација од песни и раскази.

Loading...

– Желба за во иднина ми е да излезам надвор од границите на нашата држава, да биде некоја од моите книги преведена на друг јазик и продавана таму, а за кај нас би посакала да имам издавачка куќа која ќе застане позади мене и моите книги. До тогаш тука сум, ќе пишувам и издавам книги, се додека ја имам поддршката од читателите, бидејќи тие се мојот најверен суд, вели Алексовска.

Инаку, сите четири книги на авторката се продаваат на страна kupikniga.mk.

Leave a Reply