Кумановка почина од повреди здобиени во сообраќајна незгода

Сподели со своите пријатели

 Како што информира СВР Куманово, на 13 јули во  06,40 часот, на крстосница од ул. Страшко Арсовски и ул. 4-ти Јули, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Цитроен Џампер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А. (35) од Штип, удрило во пешакот Горица С. (78) од Куманово.

Loading...

Во незгодата, пешакот се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Општа Болница -Куманово каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите, истата била пренесена во УЦ – Скопје, каде во 15,30 часот им подлегнала на повредите.

Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа на СВР-Куманово.