Кумановка плете октоподи за помош на предвреме родени бебиња

Сподели со своите пријатели

Кумановката Татјана Ангеловска веќе подолг период е вклучена во хуманитарна акција за изработка на плетени октоподи за предвреме родени бебиња, која се спроведува во Република Србија. 

Таа за оваа акција дознала  на социјалната мрежа Фејсбук и веднаш започнала да изработува октоподи кои се ставаат во инкубаторот на бебињата. Се верува дека истите им помагаат на бебињата во најкритичниот период.

Играчките се прават од 100 проценти памук си имаат своја димензија колку треба да биде голема главата, должина на краците се полни со силикон, кој е антиалергиски, се става во инкубатор на бебето и тие се држат со нивното мало раче за кракот на октоподот. Мислат дека се држат за папочната врвца на мајката, така е постабилно во инкубаторот и не ја вади сондата од устата.  Јелена, мајка од Ниш, има предвремено родено бебе и таа прва ја покрена оваа акција. Побара од жена да и сплете си купи играчка, докторите и дозволиле да ја стави во инкубаторот, виделе дека ситацијата со бебето е подобро и така таа побара и за другите бебиња да има. Ние како хумана акција секој ден и доставувавме играчки, кој сака да плете-насочи таа.

Ангеловска, која што е мајка на тринаесетгодишно девојче, би сакала акцијата да се прошири и во нашата држава. Истата освен во Србија се спроведува и во Словенија, а за тоа е потребна дозвола од Одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести во Скопје.

Ќе изработуваме  и ќе донираме за малите бебиња, засега само јас сум од Македонија се надевам дека ќе се приклучат и други. За сите мајки кои ќе побараат како подарок за своето бебе кое е поголемо излезено од инкубаторот ќе им донираме и на нив по една играчка. Ме поттикна тоа што сум мајка, што ја чекав шест години и сакам да донирам, да бидам хумана за сите мали дечиња, бидејќи многу сакам бебиња-додаде хуманата кумановка.

Таа се надева дека во државата има голем број креативни и хуманитарни жени.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.