Кумановка меѓу трите најдобри матуранти по мајчин јазик

Сподели со своите пријатели

Сара Андреевска, ученичка од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ е една трите најдобри матуранти според резултатите од тестирањето по македонски јазик и литература.

Loading...

Андреевска со континуиран труд и учење во текот на својата средношколска кариера успеа да ги освои најдобрите резултати на матурскиот испит. Таа очекувала позитивни резултати затоа што четири години се подготвувала за овој испит, но во секој случај била изненадена кога ги погледнала резултатите. Таа беше ученичка на јазично-уметничката насока во гимназијата, но подеднакво ја обожавала и математиката.

За факултети.мк Андреевска вели:

– Го повторував материјалот од сите четири години што е потребен за матура. Повеќе се задржав на деловите што ми беа потешки за совладување во текот на учебните години. Со претходно прочитани дела, за есејот, не ми беа потребни дополнителни подготовки. Бидејќи во сите години континуирано учев, и го имав совладано материјалот, ми беше доволно само да го повторам. Сепак аспирациите кон македонскиот јазик ми беа од корист. Го сакам македонскиот јазик посебно делот од литературата.Ги имам прочитано делата кои ми беа задолжителни, но и покрај тоа читам и дела од слободна литература.

Таа додава дека граматиката е доста важен дел од македонскиот јазик и таа со задоволство го учела и овој дел, покрај литературата. Сара своето образование ќе го продолжи на некој од државните факултети, но допрва ќе одлучи на кој конкретно ќе се запиште.

Сеуште не се одлучила на кој факултет ќе се запише, но работа и унапредување очекува надвор од државата.
Извор: факултети.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.