Педесет и шестгодишна кумановка доби кривична пријава под сомнение дека го запуштила и малтретирала сопственото дете.
Loading...
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.В.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавената, како што додаваат од МВР, ја злоупотребила својата родителска должност за грижа и воспитување на нејзиното малолетно дете на тој начин што нејзината малолетна ќерка ја присилила на работа што не одговора на нејзината возраст, односно ја наведувала на питачење.
Никола Ивановски