Кумановка измамена за огревни дрва, платила 250 евра, но не ги добила

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишна кумановка вчера била измамена откако лице и нудело огревни дрва за продавање, а таа ги платила 250 евра, при што тој си заминал, а од дрвата ни трага ни глас.

Loading...

– На 20.07.2021 во 22.50 часот во СВР Куманово, 55-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 250 евра, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето дошло во нејзиниот двор и ѝ понудило огревни дрва.

Како што е пријавено, откако се договориле и му дала 250 евра, лицето заминало, по што сфатила дека била измамена.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply