Кумановка физички нападнала малолетник во Скопје

Сподели со своите пријатели

Против педесет и осумгодишна кумановка вчера било пријавно дека физички нападнала малолетник во Скопје.

Loading...

– На 26.03.2023 во 15,00 часот во Полициска станица Кисела Вода Б.Т.(38) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот, на игралиште во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син, по претходно недоразбирање со друг малолетник, бил физички нападнат од 58-годишната Р.И. од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?