Кумановка доби кривична поради дилање дрога

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна кумановка е осомничена за дилање марихуана и против неа е поднесена кривична пријава.

Loading...

– СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.К.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од таму, на 17.10.2019 во влез на зграда на ул.„11-ти Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја забележале пријавената како во поштенско сандаче остава сомнителен предмет.

По извршен преглед, во поштенското сандаче била пронајдена марихуана, по што М.К. била лишена од слобода.

Никола Ивановски

Leave a Reply