Кумановецот заболен со коронавирус е на интензивна нега

Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец е заболениот од коронавирус за кој беше соопштено утринава.

Loading...

Станува збор за син на првата жртва од коронавирус во земјава, за која соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

На поставените прашања од Кумановски Муабети, министерот одговори дека заболеното лице моментално е на интензивна нега, неговата состојба е стабилна, а првичните сознанија, како што рече, имаат врска со патување во Италија.

За прашањето со колку лица бил во контакт, министерот вели дека околу новите случаи во однос на бројки ќе извести во следните денови.

Никола Ивановски

Leave a Reply