Дваесет и двегодишниот Светислав Трајановски од Куманово е десната рака на женската ракометна репрезентација на Црна Гора на европскиот шампионат кој се одржува во Франција.
Трајановски од пред неколку години живее во Франција, каде активно се занимава со ракомет, а вреден чувар беше и на македонската репрезентација на Светското првенство.
Loading...
Пред неколку месеци француската ракометна федерација го контактирала кумановецот со понуда да биде тимски водич на Црна Гора за време на првенството.
Како што вели Трајановски интересно е да се видат сите тие ѕвезди надвор од теренот.
– Преубаво е чуството да си дел од организација на ваков спортски настан. Мисијата сама по себе носи голема одговорност затоа што сум задолжен за сите барања повржани во секторот на логистика, но тука се и секојдневните случуавња и барања од екипата или стручниот штаб кои јас се трудам во целост да ги исполнам. Врска сум помеѓу екипата и организацијата, десна рака на двете страни, вели Трајановски за Кумановски Муабети.
Инаку Светислав е роден во Куманово. Пред неколку години својот живот го продолжува во Франција, каде исто така ја негува љубовта кон ракометот која ја има уште од мали нозе. Успева да тренира за Нанси СЛУК, а воедно е и тренер на подмладокот на овој клуб.
Loading...