Кумановецот Стефан ќе ја промовира првата песна и видео запис

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишниот Стефан Стојановски во среда во Занаетчискиот дом во Куманово со почеток во 19 часот ќе ја промовира првата песна насловена „Земи го срцево“ за која има снимено и видео запис.

Loading...

Стојановски интересот за музиката го искажува уште од најрана возраст, поради што се запишува во основното музичко училиште „Панче Пешев“ и го завршува во период од четири години.

По завршувањето, тој изразува желба да го продолжи неговото музичко образование на повисоко ниво. Иако неговиот животен пат го води во друга насока, неговата љубов кон музиката не згаснува, туку напротив станува се поголема и поголема.

Отворен за извесни предизвици од новите музички струења, неговиот музички стил поминува низ повеќе фази, но сепак останува доследен на својата природа и убедувања.

Текстот, музиката и аранжманот за песната „Земи го срцево“ се на Јован Василевски, а видео записот е во режија на Ѓорѓе Богдановски, во продукција на Red Central Production.

Видео записот е снимен на неколку локации: „Широк Сокак“ во Битола, Градски парк, Хотел „Епинал“, Пелистер, Хотел „Молика“, Тетово и Попова Шапка.

Leave a Reply