Во силна конкуренција Зоран Ристовски од Куманово го освои 20. место на Светското првенство во друмски велосипедизам кое се одржа викендов во Веразе, Италија.
– Патеката беше екстремно тешка, стартував во последните позиции и потрошив многу енергија додека се префрлам во челните позиции, ова е една од најтешките трки која што ја имам возено и задоволен сум од резултатот кој го постигнав, ова за мене е голема мотивација повторно да се обидам за подобар резултат на слична манифестација – изјави Ристовски.
На стартот во Варезе се појавија неверојатни 420 возачи од целиот свет кои силите ги одмерија на стаза долга 130 километри, времето за кое ја извозија трката беше 3 часа и 36 минути.