Кумановецот Наковски се враќа во рингот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот боксер Филип Наковски викендов по подолга пауза повторно ќе се врати на борбите со свое учество на традиционалниот боксерски турнир кој ќе се одржи утре во Бујановац, Република Србија.

Loading...

Наковски ќе се натпреварува во полутешка категорија, а за противник ќе го има професионалниот боксер и повеќекратен шампион Албан Бермета од Албанија.

Наковски е поранешен шампион на Македонија во бокс и кик-бокс, има настапувано на низа домашни и меѓународни натпреварувања, на кои има освоено повеќе медали.