Кумановецот Марио Арангеловски вечерва влегува во „Малдиви“

Сподели со своите пријатели

mario arangelovskiМладиот пејач Марио Арангеловски од Куманово вечерва во 20 часот ќе влезе во реалното шоу „Малдив“ во продукција на телевизијата „Хепи“.

Марио е студент на Филозофскиот факултет во Скопје, а во минатиот период својот талент го претстави на повеќе српски и македонски шоу програми, а недоамна учествуваше и во македонското реално шоу „На иста адреса“ кое за жал доживеа дебакл.

Пред неколку месеци ја издаде својата прва песна, а веќе вечерва ќе можеме да го следиме на малите екрани во едно од најпопуларните телевизиски шоуа на овие простори.