Кумановецот кој пријави бомба под автомобилот заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против И.М. (38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, на 31.03.2016 година, во СВР Куманово, пријавениот лажно пријавил дека на неговиот мобилен телефон добил порака дека под неговото патничко возило „Фиат Мареа“ има подметнато бомба.

Тогаш интервенираше антитерористичката единица при МВР, но бомба не беше пронајдена.