Кумановецот Филип Наковски со сребрен медал во кик бокс турнир

Сподели со своите пријатели

Во рамките на натпреварувачката сезона за кик бокс и ММА ,во календарот на кик бокс федерација на Македонија во која членува и клубот Куманово 2006, викендов на 19 -ти септември, се одржа државно првенство во дисциплините „лоу кик“ и „к1“ на кој се избираше место за престојното светско првенство кое ќе се одржи во Белград следниот месец.

Loading...

Турнирот се одржа во салата во градскиот парк во Скопје и беше претесна да ги собере сите љубители на оваа боречка вештина.

Учество зедоа неколку клубови од земјата, меѓу кои и КБК Куманово 2006, кој освои сребрен медал во категоријата 80 килограми во дисциплината „лоу кик“.

Медалот го однесе Филип Наковски, кој борејќи се храбро и пожртвувано во тешка борба пристигна до финалето каде загуби од поисукусниот натпреварувач Димитар Георгиев од Неготино.

Тренерот Сашо Илиевски е презадоволен од борбата на Наковски, и е горд што освоениот медал ќе го претставува нашиот град и клубот во убаво светло.

Инаку, ние како клуб секогаш бележиме добри успеси. Имаме квалитетни натпреварувачи, а тренинзите ги одржуваме во Спортската сала во Куманово, која за жал последниот месец нема струја поради репресија од централната власт која не бира начин и средства да допре и до нас спортистите и клубовите – вели тренерот Илиевски.

Тренерот се заблагодарува за поддршката од локалната самоуправа и Општинскиот сојуз на спортови со чија помош е остварено учеството на турнирот, а врвни резултати од своите спортисти очекува и во иднина.