Кумановецот Андреј Петровски државен првак во велосипедизам (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово вчера се одржа Државното друмско првенство во велосипедизам, а првите три места ги освоија спортистите на клубот „Вело-М“ од Куманово.

На релација Куманово – Кратово – Куманово титулата државен прван ја освои Андреј Петровски, како второ пласиран заврши Никола Лефков, а третото место на шпринт го освои Стефан Петровски, односно сите 3 места во најсилната категорија сениори им припаднаа на „Вело-М“.

Loading...

Титулата државен првак, Андреј Петровски ја освои и минатата година.

Во категоријата мастерс Зоран Ристовски по две лоши среќи го покажа својот квалитет и го освои првото место.

Трката беше во организација на Велосипедскиот клуб „Вело-М“ и Општинскиот сојуз на спортови на Куманово, а истата носи бодови и за Светската велосипедска ранг листа.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *