Кумановец загина во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец вчера го загибул животот во сообраќајна несреќа.

Loading...

На автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“, вчера околу 14:30 часот Д.Б.(36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Leave a Reply