Кумановец загина во ископ на каменолом

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишен кумановец вчера го загубил животот откако паднал со товарно моторно возило во ископ на каменоломот во кој работел.

Loading...

– На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен во каменолом, пријавил дека при извршување на работи во каменоломот, П.С., возач со товарно возило „мерцедес бенз актрос“ – кипер, со скопски регистарски ознаки, паднал во ископ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од лекар од Итна медицинска помош Куманово кај П.С.(57) од Куманово била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Никола Ивановски

Leave a Reply