Кумановец возел со 2,70 промили алкохол, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириест и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако било утврдено дека управува возило под дејство на алкохол.

– На 19.09.2025 во 23.14 часот на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода М.Т.(43) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле ,патничко моторно возило ” форд” кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,70 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре го пречекува Еурофарм Пелистер 2

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски