Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен ноќва откако полицијата утврдила дека возел под дејство на 2,20 промили алкохол.
– На 12.09.2025 во 01:00 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(34) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од кумановската полиција, при контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл, кој го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,20 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски