Кумановец возел без дозвола, па кога го стопирала полицијата користел туѓи податоци

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишен кумановец ќе одговара за „злоупотреба на лични податоци“, откако при сообраќајна контрола користел туѓи лични податоци, бидејќи самиот немал дозвола, а управувал моторно возило.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И.(19) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“, велат од полицијата.

Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи, во текот на 2019, пријавениот како возач, во два наврата, управувајќи патничко возило „голф“, сопственост на неговата мајка и патничко возило „опел“ сопственост на С.Ц. од Куманово, при сообраќајна контрола на полициски службеници, поради непоседување на возачка дозвола и поради сторени сообраќајни прекршоци, употребил и искористил лични податоци од оштетениот Д.И. од Куманово, без негова согласност.

Leave a Reply