Државното правобранителство во Шибеник поднело обвинение против А. М., 28-годишен кумановец, за силување и грабеж на венецуелска државјанка која се занимавала со проституција.
28-годишникот моментално се наоѓа во истражен затвор, пишува хрватски Индекс.
Неговиот соучесник во делото, 34-годишниот В.Д од Задар, кој исто така е во истражен затвор, а за кого обвинителството бара да биде осуден бидејќи делото го сторил како непресметливо лице и соодветно да му нареди да биде сместен во психијатриска установа.
Во обвинението се наведува дека на неодреден датум од средината на мај до средината на јуни 2025 година во Задар, откако ја запознал жртвата Ј. Д. Ц. И Г. која се занимавала со давање сексуални услуги и со која имал сексуални односи за кои ѝ платил, започнал врска.
Во неколку наврати доаѓал во становите кои таа ги користела во Задар и барал од неа да има секс со него, а кога таа го одбила и јасно кажала дека не сака, тој ѝ се заканил дека ќе ги донесе пријателите кои ќе и наштетат, дека ќе повика полиција и ќе ја пријави како проститутка.
Така, искористувајќи го стравот што ѝ го создал со тие закани, два пати имал секс со неа без нејзина согласност.
Првиот случај на силување бил во стан во Задар, а вториот во стан во Сплит, пишува Индекс.хр.

