Кумановец вмешан во пустошење на шуми вредно над пет милиони денари

Сподели со своите пријатели

Полициската станица од општа надлежност – Радовиш во рамките на Оперативната акција „ГОРА„ поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(62) од с.Смојмирово , Г.П.(41) од Куманово и Ц.Л.(60) од с.Ораовица, Радовиш поради постоење основано сомнение дека прво и трето пријавените сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, додека второ пријавениот дека сторил кривично дело „пустошење на шума“.

Првопријавениот како сопственик и управител на правно лице и лиценцирано стручно лице од областа на шумарството, искористувајќи ја својата службена должност и овластување, на 19.09.2014 година издал одобрение за сеча на физичко лице од с.Ораовица за вкупно 842 м3 дабово и буково огревно дрвo, иако знаел дека правното лице нема лиценца за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост.

Второпријавениот како сопственик и управител на правно лице увоз-извоз Куманово, со Одобренија за сеча на огревно дрво за КП во м.в.„Казанлија“ К.О. Смиланци постапил спротивно на Законот за шуми, така што без одобрение за сеча, бесправно посекол дрвна маса во вид на сеча„ЧИСТА СЕЧА“ на површина од 3030 м2 на КП сопственост на Република Македонија во количина од 636м3 дабово огревно дрво со што се стекнал со против првна имотна корист од 903.760 денари, а направил штета на Р.Македонија во висина од 5.724.000 денари.

Трето пријавениот вработен во ЈП „Македонски шуми“ Скопје, ПШС- „Плачковица“ Радовиш по поднесено Барање за Одобрение на сеча иако констатирал неправилности издал три одобренија за сеча во вкупна количина од 1531 м3 дрвна маса-дабово огревно дрво.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.