Кумановец управувал мотоцикл без дозвола и со фалсификувани таблички

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето Д.Т. (20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот на 29.06.2016 година, на улица „Никшичка“ во Куманово додека управувал моторцикл заради контрола бил сопрен од страна на полициски службеници при што било утврдено дека истиот го управува без да поседува сообраќајна дозвола и со вметнати фалсификувани регистарски ознаки.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.