Кумановец удрил велосипедист во Скопје

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен жител на Куманово со иницијали И.И. вчера учествувал во сообраќајна несреќа која се случила околу 20:15 часот во Скопје, на крстосницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

До несреќата дошло кога патничкото моторно возило марка „Фолксваген Голф“ со кумановски регистерски ознаки управувано од И.И. и велосипед управуван од Ф.Р. од Скопје се судриле, по што велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди.

Од полицијата работат на целосно расветлување на случајот.