Кумановец уапсен во казино, се однесувал агресивно кон полицајци

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец бил приведен викендов во казино бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници.

Loading...

– На 05.03.2023 во 03.00 часот во казино во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Б.М.(32) од село Сопот, кумановско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезна 14-годишно девојче од Куманово