Кумановец тешко повреден во судир на „фолксваген“ и „форд“

Сподели со своите пријатели

Шеесет и шестгодишен кумановец викендов се здобил со тешки телесни повреди откако со неговиот „форд фокус“ се судрил со „фолсваген туран“.

Loading...

– На 01.04.2023 околу 07.00 часот на крстосница од регионалниот пат Куманово – Свети Николе и бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“, управувано од Б.Ѓ.(24) од с.Доброшане, кумановско и патничко возило „форд фокус“, управувано од Д.Д.(66) од с.Биљановце, кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата возачот Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Во координација со Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски