Кумановец тешко повреден во сообраќајка во Ранковце

Сподели со своите пријатели

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во собораќајка што викендов се случила во селото Ранковце.

Loading...

– На 28.01.2023 околу 11.40 часот на пат во с.Ранковце, кривопаланечко, товарно  возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(28) од Куманово  излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијат,а во несреќата возачот М.Ц. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот А.Ц.(20) од село Гиновци, Општина Ранковце со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Куманово.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишна кумановка физички нападната од сопругот