Кумановец тешко повреден во сообраќајка, откако излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Вчера околу во 12.30 часот на автопат Скопје-Куманово, помеѓу наплатен пункт на Јавно претпријатие за Државни патишта кај село Романовце и наплатен пункт кој е во изградба, се случила сообраќајна незгода во која М.М. (39) од Куманово, управувајќи патничко возило „Пежо 207“ со бугарски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал надвор од коловоз и удрил во метален столб за осветлување, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, М.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Терзеа“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.