Педесет и тригодишен кумановец е тешко повреден, откако со своето моторно возило сеат леон се судрил со шкода откавија.
– На 28.02.2021 во 11.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ и улицата „Видое Смилевски-Бато“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(27) од Куманово и патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(53) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата, како што додаваат од полицијата, Г.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски