Кумановец со закани изнудил 3.000 евра од сограѓанка

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.И. (43) за сторено кривично дело „изнуда”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 10. до 17.06.2017 годинапријавениот со сериозна закана дека ќе посегне по животот и телото на оштетената, како и по животот на членовите на нејзиното семејство, побарал и зел 3000 евра од истата.

По пријава на случајот, на 23.06.2017 година пријавениот преку порака на мобилен телефон од неа побарал уште 100 евра и истите оствариле средба каде оштетената му дала во плико обележана банкнота.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.