Кумановец со закана ја земал поранешната девојка и ја однел дома

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако претходно ја земал неговата поранешна девојка и ја ондел дома.

Loading...

– На 09.06.2022 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека околу 12.00 часот со закана ја земал неговата поранешна 35-годишна девојка од Куманово од домот во кој живеела во Скопје и со возило ја однел во неговиот дом во Куманово и ја задржал спротивно на нејзина волја.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски