Кумановец со остри предмети им се заканувал на своите родители

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец бил приведен викендов по пријава дека со остри предмети им се заканувал на неговите родители.

Loading...

– На 05.07.2025 година во 18.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.И.(21) од кумановско село, а постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 17.00 часот во семејниот дом, со остри предмети им упатувал закани по живот на неговите родители, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полициата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  29-годишен кумановец викендов приведен поради возење под дејство на алкохол