Кумановец со нож нападнал две лица и им нанел убодни рани

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Министерството за внатрешни работи, на 20 ноември околу 18.00 часот, во Скопје на ул.Лепенечка, додека во фурната бил Ф.П. (61), дошло непознато машко лице и побарал да се види со вработената А.А.

Loading...

Откако истиот му рекол дека не може да влезе, лицето насилно ја отворило вратата, влегол во дворот од објектот по што извадил нож и го нападнал нанесувајќи му повреда во вид на расекотина на левата рака и гребаница на левиот образ.

Во тој момент дошла А.А. по што лицето истрчало према неа замавнувајќи со ножот и и нанел убодна рана на десната страна под рамото, по што физички ја нападнал.

Откако на местото на настанот пристигнал сопственикот на фурната, лицето избегало.

Ф.П. и А.А. биле префрлени во КЦ – Скопје, каде им биле констатирани телесни повреди. По кратко време лицето бил приведен, а се работи за В.И.(41) од Куманово, со истиот е извршен разговор и се работи на целосно расчистување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.