Кумановец со малолетничка крадел во Скопје

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец рано утринава бил приведен со малолетничка откако биле затекнати при кражба.

Loading...

– На 30.08.2022 во 04.25 часот на ул.„1511“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Д.К.(32) од с.Шупљи камен, кумановско и малолетничка од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие биле затекнати при обид да одземат патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово активни уште 13 ковид случаи

Во близина на возилото бил пронајден предмет кој потекнува од друго кривично дело, а при преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена и одземена прашкаста материја. 

Лицата биле приведени во полициска станица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски