Кумановец си пазарел со туѓа платежна картичка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен кумановец со туѓа платежна картичка извршил повеќе плаќања.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.Р.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, во февруари 2019, го искористил невниманието С.К.(51) од Куманово додека плаќал со платежна картичка,  ги забележал податоците, по што во периодот од февруари до септември 2019 извршил плаќања од платежната картичка на оштетениот.

Leave a Reply