Кумановец си го избол синот по семејна расправија

Сподели со своите пријатели

Шеесет и петгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека му нанел повреди со остар предмет на сопствениот син.

Loading...

– На 22.02.2023 во 16.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(65) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Како што појснуваат од Секторот за внатрешни работи, тој се сомничи дека околу 15.30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреда на неговиот син Н.С.(47).

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски