Кумановец се здобил со изгореници од втор степен откако се запалило неговото возило

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на бензинска пумпа „Дет-Оил“ во населба Вера Которка, додека Д.Ѓ. (40) од истата населба, управувал патничко возило „Рено Клио“ со кумановски регистарски ознаки, од непознати причини избувнал пожар во внатрешноста на возилото.  

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пожарот го зафатил и возачот, кој не успеал да го сопре возилото и се здобил со изгореници од втор степен.  Д.Ѓ. бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

фото: архива

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.