Кумановец се обидел илегално да влезе во државата со производи без документација

Сподели со своите пријатели

Полицијата привела лице од кумановско при обид за илегален влез во државата, а било откриено дека превезувал производи без документација.

Loading...

– На 04.12.2023 во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.М.(44) од село Черкези, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки.

Додека, при преглед во возилото биле пронајдени производи без потребната документација.

– Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок. Стои во соопштението.

Никола Ивановски