Триесет и петгодишник од Куманово бил приведен откако се обидел да одземе чанта на сограѓанка, која притоа ја нападнал.
Loading...
– На 27.07.2025 во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Б.(35) од Куманово затоа што на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да одземе чанта од Н.П.(29), при што и физички ја нападнал, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски