Кумановец се обидел да краде за време на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Кумановец заработи кривични пријави, откако за време на полицискиот час кон крајот на март се обидел да краде на бензинска пумпа.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно претставување“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што информираат од полицијата, на 30.03.2020 околу 21.00 часот, за време на забрана на движење од 21.00 до 05.00 часот на територија на Р.С. Македонија, во два наврата бил на бензинска пумпа во Куманово, каде зел неколку предмети во обид да ги украде.

Тој бил забележан од вработените, но по нивна реакција при излегување лажно се претставил како полициски службеник.

Никола Ивановски

Leave a Reply