Кумановец се обидел да го запали домот на својот сосед

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишен кумановец викендов бил приведен откако се обидел да предизвика пожар во домот на својот сосед.

Loading...

– На 20.11.2022 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Ј.(67) од Куманово, затоа што по претходна расправија околу 22.45 часот фрлил шише со течност и се обидел да предизвика пожар во домот на соседот Н.Н., информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милиони евра потребни за канализација во селата, пари кои Општина Куманово ги нема